Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски по повод празникот Божиќ
До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан
Ваше Блаженство,
Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник, Рожденство Христово- Божиќ.
Посакувам овој светол празник секој граѓанин на нашата татковина да го дочека во здравје, мир и благосостојба. Нека светоста на денот ги огрее домовите на верниците во овие мрачни времиња кога сме исправени пред предизвиците поврзани со здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Мирот во душите и безграничната љубов кон своите ближни, соседи, пријатели и сонародници нека биде ѕвездата водилка која ќе ни помогне да излеземе посилни и посплотени, затоа што само така ќе можеме да чекориме по патот на заедничкиот успех.
Надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности кои го водат човека, но и целата цивилизација кон подобар живот. Почитта, волјата и хуманоста нека бидат наш сопатник низ овие трнливи патеки кои ги чекориме. Така ќе ја изградиме иднината која ја сакаме за нас и за нашите поколенија, иднина во која зад себе ќе ја оставиме сиромаштијата, несигурноста и поразите со кои денес живееме.
Со вербата во Бога и вербата во мудроста и истрајноста на народот да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност.
Христос се роди, навистина се роди.
Честит Божиќ, нека е вечен празникот, нека е вечна Македонија.
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари