Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод 23 Октомври
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани.
- Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, го одбележуваме делото на една организација која имаше цел да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред, стои во честитката од Вељаноски.
Делата на македонските револуционери, како што се наведува, се неизбришлива трага во македонската историја и се основата на сите подоцнежни македонски триумфи и победи.
- Поради нивните дела и поттикот за слободна Македонија, денес сме независни, суверени и самостојни како народ и како земја. Наше е денес да бидеме горди и да ги прославуваме сите важни триумфи и национални настани и заедно сплотени да ги остваруваме нашите највисоки цели. Нашиот заеднички цврст став е клучот за надминувањето на сите обиди за згаснување на македонскиот национален идентитет, се вели во честитката.
Вељаноски порачува сите заедно сплотени да работиме и да изградиме силна држава со развиен демократски и економски просперитет за сите граѓани во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка