Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на албанската азбука
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија по повод Денот на албанската азбука.
- Културните особености за секој народ се од големо значење за сопствената идентификација. Живеејќи во време на глобализација и современа цивилизација никогаш не треба да ги заборавиме културните зачетоци без кои човештвото не ќе ги доживееше своите достигнувања. Еден од тие зачетоци е и создавањето на писмото како еден од најскапоцените дарови на човечката интенција за побрз развој и што поголеми остварувања, се вели во честитката.
Од тој аспект, како што е наведено, создавањето на албанската азбука е еден од значајните културолошки дострели на албанскиот народ и сосема оправдано е дел од одбележувањето битни датуми за нашата држава и за нашите граѓани.
- Почитувањето на овој датум е почит кон целокупната албанска заедница во Република Македонија, а почитта е главниот чувар и стожер на нашето општество и нашата заедничка иднина. Да го чуваме и негуваме како што му доликува на едно современо општество каде коегзистираат различни националности и различни етникуми. Да се држиме заедно и да бидеме пример како заеднички се работи за доброто на нашата држава, за доброто на нашите граѓани, за еден поубав, поквалитетен и посреќен живот во секој дел од Република Македонија, стои во честитката на премиерот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица