Македонија
23. October 2016 - 11:15

Честитка од министерот Јолевски по повод 23 Октомври

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска, по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до вработените во Министерството, припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на Македонија.  

- На денешен ден ја славиме мислата, идејата за слободна, независна и самостојна Македонија. Денес го славиме идеалот кој го водел животот на генерации Македонци. Но, денес се потсеќаме и дека ние имаме морално право и обврска да дадеме сè од себе за да го зачуваме и развиеме она што го имаме – слободна Република Македонија, еднаква и рамноправна со останатите држави во светот, вели Јолевски во честитката. 

Армијата на Република Македонија, истакнува министерот, е токму оној дел од општеството чија задача е зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина.

- Нашите припадници неуморно, во континуитет ги заштитуваат граѓаните на Македонија, особено во времиња на глобални промени и предизвици по безбедноста. Тие стојат цврсто бранејќи ги не само идеалите на нашите предци, туку и современите вредности кои ние ги живееме, додава министерот Јолевски.