Честитка од Мицкоски по повод Свети Сава, празникот на српската етничка заедница во Македонија
Ми претставува чест и задоволство на сите припадници на српската заедница во Република Македонија од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам големиот празник Свети Сава и да Ви посакам здравје, мир, радост и благосостојба.
Одбележување на Свети Сава значи почитување на неговото дело и мисла како трајни вредности давајќи ни пример на сите кои живеат во овие простори.
Со празнување на овој ден ние ги потврдуваме наште заложби за меѓусебно зближување и почитување.
Со овој ден ние го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Како одговорни и свесни граѓани на своите држави, но и како доследни припадници на своите народи, двете заедници даваат пример како треба да се гради довербата.
Денес реалноста е дека Србите од Македонија ја делат истата судбина како и останатите граѓани. Тежок живот, сиромаштија, обиди да се разединиме, притисоци. Безперспективноста и сиромаштијата силно ги разјадува темелите на нашето општество, ја ускратува иднината на многумина. Одземената иднина преставува трајна штета за сите. Затоа се потребни промени кои ќе донесат кохезија, иднина и сигурност.
Заеднички да работиме во градењето на просперитетна иднина за сегашните и идните генерации, како и за напредок на просперитетна и достоинствена Република Македонија
Нека е честит големиот празник !
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024