Честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по повод Богојавление – Водици
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.по повод големиот христијански празник Богојавление Христово-Водици упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите верници кои го слават.
-На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на Св. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението. Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле. Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас. Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите. Бог се јави!, се наведува во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација