Македонија
5. May 2019 - 16:31

Честитка од лидерот на ДУИ Ахмети по повод Рамазан

По повод Рамазан, месецот на постот што почнува утре, порака со најискрени желби за просперитет, здравје и благосостојба до припадниците на исламската веросповест упати претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

– Духот на Рамазан е сатисфакцијата, посветеноста, милоста, солидарноста, простувањето и трпението.

Посакувам сите заедно да рефлектираме со овие вредности и со посветеност,  работа и трпение да ги надминеме пречките и тешкотиите.  Лесен пост и прифатени молитви! Бидете благословени!, стои во честитката на Ахмети.