Честитка од Комисијата за односи со верските заеденици и религиозни групи по повод Курбан Бајрам
Директорката на Комисијата за односи со верските заеденици и религиозни групи Валентина Божиновска денеска испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот, како и до муфтиите и имамите, по повод празникот Курбан Бајрам.
- Празнувајќи го Курбан Бајрам со доблест и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, во согласност со духовните принципи на Исламот и во името на Бога, Вие ги почитувате највисоките вредности на човештвото кои се основен темел на мирот и заедништвото. Токму ваквото празнување на Курбан Бајрма, во кругот на семејството и пријателите, во духот на спокојството и меѓусебната солидарност, претставува најскапоцен дар и сигурна гаранција за нашата заедничка иднина и за иднината на нашите идни поколенија. Ви посакувам празникот Курбан Бајрам да го поминете во хармонична и весела атмосфера. Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Нека Ви е честит големиот муслимански празник, се наведува во честитката од Директорката на Комсијата за односи со верскте заденици и религиозни групи Валентина Божиновска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација