Македонија
23. September 2015 - 12:50

Честитка од Комисијата за односи со верските заеденици и религиозни групи по повод Курбан Бајрам

Директорката на Комисијата за односи со верските заеденици и религиозни групи Валентина Божиновска денеска испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот, како и до муфтиите и имамите, по повод празникот Курбан Бајрам.

- Празнувајќи го Курбан Бајрам со доблест и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, во согласност со духовните принципи на Исламот и во името на Бога, Вие ги почитувате највисоките вредности на човештвото кои се основен темел на мирот и заедништвото. Токму ваквото празнување на Курбан Бајрма, во кругот на семејството и пријателите, во духот на спокојството и меѓусебната солидарност, претставува најскапоцен дар и сигурна гаранција за нашата заедничка иднина и за иднината на нашите идни поколенија. Ви посакувам празникот Курбан Бајрам да го поминете во хармонична и весела атмосфера. Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Нека Ви е честит големиот муслимански празник, се наведува во честитката од Директорката на Комсијата за односи со верскте заденици и религиозни групи Валентина Божиновска.