Македонија
8. April 2018 - 9:40

Честитка од кичевскиот градоначалник Дехари по повод Велигден

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари упати честитка до верниците по повод христијанскиот празник Велигден. 

- Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство на сите христијани да им го честитам големиот празник, празникот над сите празници - Велигден. Ви посакувам овој ден да го поминете во добро здравје, благосостојба и среќа, споделувајќи љубов и топлина со Вашите најблиски и исполнети со мир и спокојство, се вели во честитката на Дехари.