Честитка од Иванов по повод Денот на албанската азбука
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.
- Почитувани сограѓани, 22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола одржан во далечната 1908 година е унифицирана и е усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо на сите Албанци. Албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и културно богатство на Република Македонија. Негувајќи ја културната и етничка разноликост го осознаваме значењето на писмото и јазичниот диверзитет преку кој го јакнеме општеството. Велат јазикот е душата на еден народ, но тој се идентификува преку своето писмо. Азбуката претставува ризница на културата која нè поврзува со минатото и е инспирација за идните генерации, стои во честитката.
Културната историја на Република Македонија, се наведува во честитката, памети многу датуми, датуми за настани кои нè поврзуваат и датуми преку кои учиме едни за други.
- На Битолскиот конгрес, албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријателство, доверба и разбирање, кое заеднички го шириме и денеска. На припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија им го честитам Денот на албанската азбука, а на сите граѓани сакам да им порачам дека негувајќи го јазикот и писмото даваме личен придонес кон воздигнувањето на вредностите и особеностите на јазичната култура меѓу народите во светот, стои во честитката.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок