Честитка од Италија за изборот на Пендаровски за претседател
Италијанскиот амбасадор Карло Ромео на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски му го предаде писмото со честитка од претседателот на Италија, Серџо Матарела, во кое тој лично и во име на неговата земја му го честита изборот за претседател на Република Северна Македонија, посакувајќи му „успешно извршување на високата задача доверена од народот“.
Во писмото до Пендаровски, кое амбасадорот Ромео го објави на Твитер, Матарела пишува дека Италија ги поддржува реформските чекори на земјава во перспектива на европската и евроатлантската интеграција и дека ќе продолжи да ги поддржува конструктивните дела на Скопје за плодоносна регионална соработка.
– Убеден сум дека во текот на Вашиот претседателски мандат Република Северна Македонија ќе достигне дополнителен конкретен напредок, неопходен за нејзина што е можно поскора интеграција во заедничкиот европски дом. Во тој контекст би можеле заедно да го консолидираме билатералното партнерство и уште повеќе да ги зацврстиме политичките, културните и економските врски кои уште одамна ги спојуваат нашите две земји. Со овие честитики, Ви изразувам најискрени желби за Ваша лична благосостојба, како и за просперитет на пријателскиот народ на Северна Македонија, пишува во писмото-честика од италијанскиот претседател Серџо Матарела до Стево Пендаровски за неговиот избор за шеф на државата.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море