Честитка од Груевски по повод Рамазан Бајрам
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод претстојниот Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската заедница и до верниците од исламска вероисповед.
- Бајрамските празнувања од секогаш биле можност да ги потенцираме вредностите кои ги носат големите празници и воопшто вредностите кои се темел на исламската, но и на повеќе други религии. Љубовта, помагањето, посветеноста на Бога и воздржувањето од лоши мисли се само дел од таквите вредности во чиј дух поминаа изминатите денови на пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот, се вели во честитката.
Честитајќи го празникот, Груевски апелира на слога и заедништво во сите области кои се од заеднички интерес.
- Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Да бидеме пример за соживот, почит и разбирање кои ќе носат само позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Да се вложиме уште повеќе за економски напредок во државата, за привлекување на инвеститори, за развој на бизнисот, за нови фабрики и нови работни места. Да работиме уште повеќе за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок на земјоделието, образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Со заедничка работа да создаваме дела и вредности кои на следните генерации ќе им остават добар пример и позитивни пораки, истакнува Груевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација