Честитка од Џафери по повод 11 Октомври Денот на народното востание
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод 11 Октомври - Денот на народното востание.
- На овој ден, пред седумдесет и шест години, народот во Република Македонија јасно и недвосмислено застана против фашизмот, против најголемото зло во човечката историја, на страната на правдата, наспроти неправдата. Многу борци, знајни и незнајни ги положија своите животи во таа народноослободителна и антифашистичка војна. Денес, прославувајќи го 11 Октомври, ние оддаваме почит на нивното големо дело и на нивната пожртвуваност. Благодарение на нивната храброст и истрајност, Македонија е слободна и почитувана земја која чекори по патот на евроатлантските интеграции, кои се стратешка определба и врвен приоритет во развојот на нашата држава, вечи Џафери во честитката.
Чекорејќи по тој пат, заедно, со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, потенцира претседателот на Собранието, убедени сме дека оваа наша земја ќе биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на следните поколенија ќе ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство