Македонија
11. April 2017 - 14:11

Честитка од Димитриев по повод еврејскиот празник Песах

По повод големиот еврејски празник Песах, претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија,  Берта Романо - Николиќ и до граѓаните од Еврејската заедница во Република Македонија. 

- Деновите на празнување на овој празник се денови во кои секое еврејско семејство го празнува и слави поклонението, но и непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ. Вредностите кои ги славите во овие денови претставуваат силни универзални вредности бидејќи силната верба, желбата за слобода, љубовта кон својот народ и почитувањето на другите народи се вредности кои ги движеле народите и во историјата, но и во сегашноста, стои во честитката.

Во неа се додава дека прославувањето на овој голем празник тука во Република Македонија претставува и симбол на почитта и искреното пријателство помеѓу нашите два народа и признание за придонесот што Еврејската заедница во Република Македонија го има во продлабочувањето и унапредувањето на односите помеѓу Република Македонија и Израел. 

Во честитката тој посакува убави празнички неенови, исполнети со мир, семејна радост и душевен спокој.