Македонија
9. September 2016 - 17:24

Чешките полицајци ќе помагаат на македонската граница со Грција до крајот на годинава

Чешка ќе помага во заштита на македонската граница со Грција речиси до крајот на оваа година, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што се вели во Извештајот на чешкото Министерство за внатрешни работи, кој идната недела ќе биде разгледуван од чешката Влада, в понеделник, контингентот од 40 полицајци кој се наоѓа во Македонија ќе биде заменет со ист број припадници на чешката специјална полиција кои ќе бидат во Македонија до 31 октомври.

Тој контингент се планира да биде сменет со друга група која на македонско-грчката граница ќе делува до 19 декември.

Чешките полицајци заедно со македонските колеги патролираат во околината на Гевгелија близу границата со Грција и помагаат во контролата на мигрантите.