Македонија
7. јуни 2016 - 21:51

Чешкиот пртседател Земан в четврток во посета на Македонија

Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, соопштија од неговиот Кабинет. 

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан, со неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов меѓу другите теми ќе разговараат и за миграциската криза.

За време на најголемата криза со бегалците, Чешка во Македонија испрати парична помош и неколку десетици полицајци кои беа вклучени во постапката за регистрација на мигрантите на грчко-македонската граница.  

По средбата, според соопштението од Кабинетот на шефот на чешката држава, Земан ќе добие државно одликување од претседателот Иванов. 

Чешкиот претседатек Земан в петок, пред заминување ќе учествува на Чешко-македонскиот економски форум и ќе го посети манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.