Македонија
2. February 2021 - 9:02

Чешкиот амбасадор Томан во посета на Парламентот

Амбасадорот на Чешката Република во земјава Мирослав Томан денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.

Како што информират од собраниската прес-служба, амбасадорот Томан ќе се сретне со претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, Ненад Коциќ.