Македонија
20. May 2018 - 12:09

Чешки велосипедист повреден во сообраќајка во Скопје, камионџијата што го удрил побегнал

Вчера околу 13,30 часот во Скопје на булевар „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со помошен мотор „Хонда Роад Махи“, управуван од Р.В.(33) од Р.Чешка и товарно моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштил местото на настанот.

По незгодата возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.