Македонија
1. November 2019 - 11:09

Чешки државјанин тешко повреден откако паднал по скали во кафеана во Скопје

Вчера во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С. од Чешка кој, според пријавеното, претходно во 23.00 часот во угостителски објект во Скопје паднал по скали.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.