Чешката влада поднесе оставка
Левоцентристичката Влада на чешкиот премиер Бохуслав Соботка поднесе оставка, отстапувајќи му го местото на милијардерот Андреј Бабиш, кој победи на изборите минатиот месец.
- Владата ја одобри својата оставка, таа ќе му биде врачена на претседателот уште денеска, изјави Соботка по редовната владина седница.
Коалициската влада на премиерот во заминување беше прва во последните 15 години која остана на власт цел мандат. За време на ова Влада беше постигнат значителен економски раст, кој доведе до намалување на невработеноста на најниско ниво од сите земји во ЕУ и до набрзо зголемување на приходите за десет години.
Партијата на Бабиш, Акција на незадоволни граѓани 2011 (АНО) не успеа да се договори со ниту една од осумте парламентарни партии да формираат заедничка влада, и така тој одлучи да состави малцинска влада која се очекува на 13 декември да биде потврдена и од претседателот Милош Земан, по што веднаш ќе стапи на должност.
Тоа ќе му овозможи на Бабиш да присуствува на самитот на ЕУ на 14-15 декември, каде главна тема ќе биде напредокот во разговорите со Велика Британија за излегувањето од ЕУ.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари