Свет
16. July 2016 - 11:10

Чешката Влада ќе се погрижи за своите граѓани во Турција

Чешката Влада смета дека нејзина примарна задача е да се грижи за луѓето кои се наоѓаат во Турција, каде синоќа се изврши обид за државен удар и попладне ќе заседава Кризен штаб, јави дописникот на МИА од Прага.

Според премиерот Бохуслав Соботка, Кризниот штаб ќе ја следи ситуацијата и во зависност од развојот на безбедносната ситуација во земјата ќе се преземат мерки за безбедно враќање на Чесите, на кои Турција им е омилена дестинација за одмор.  

Утрово авионот за Анталија полета навреме, додека утринскиот лет меѓу Прага и Истанбул е откажан, а двата лета попладне и навечер зесега не се откажани.

Со оглед на непредвидливата ситуација, чешкото Министерство за надворешни работи препорача деновиве да не се патува во Турција и објави телефони на кои чешките граѓани можат да се јават доколку се наоѓаат во таа земја.