Чешката полицијата објави фотографија од напаѓачот во болницата
Чешката полиција објави фотографија од напаѓачот кој денеска уби шест лица во чекална во болница во Острава во североисточниот дел на Чешка.
Полицијата на Твитер објави фотографија од осомничениот, кој не е именуван. Тој носел црвена јакна.
Засега нема индикации што би можел да биде мотивот за нападот.
Премиерот на Чешка Андреј Бабиш изјави дека пукањето се случило во чекалната на Универзитетската болница, додека бројот на жртвите го потврди министерот за здравство Адам Војтјех.
Директорот на болницата за чешката телевизија изјави дека бројот на загинати може да биде поголем.
Би-Би-Си јави дека целата болница е евакуирана и оти пукањето се случило на клиниката за трауматологија.
На лице место пристигнале и специјални единици на полицијата. Чешката полиција по инцидентот ги зајакнала безбедносните мерки во целата земја.
Ново на Сител
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања