Чешката државна телевизија бара извинување од претседателот на државата
Раководството на Чешката државна телевизија (ЧТ) официјално ги повика шефот на државата Милош Земан и регионалниот гувернер Мирослав Новак да им се извинат за обвинувањата дека сакале да ја провоцираат чешката прва дама во јавноста, јави дописникот на МИА од Прага.
Се работи за наводно подготвувана провокација од тимот на ЧТ кон Ивана Земанова, која требаше да присуствува на театарска престава во Острава, каде на зградата било обесено тибетско знаме со цел да се покаже незадоволство од политиката на Земан.
Земан се труди да ги истакнува предностите на односот на државата со Кина и неколку недели во јавноста се зборуваше за неговиот притисок кон министерот за култура во врска со средба со тибетскиот водач Далај Лама при посетата на Чешка.
Земан и Новак ги обвинија репортерите на ЧТ дека биле подготвени со микрофони да ја следат реакцијата на Земанова, која на крајот го откажа присуството.
- Се работи за невидена дрскост од ЧТ. Однесувањето на телевизијата веќе ги надмина сите можни граници, коментираше за барањето за извинување портпаролот на претседателот, Јиржи Овчачек. Моравско-шлезискиот гувернер рече дека ќе почека на полицискиот извештај во врска со случајот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор