Чешката армија ќе испрати 110 војници во Литванија
Чешката армија ќе испрати околу 110 војници од лесно моторизираниот баталјон, на вежбата ,,Мост 2017" година во Литванија.
На заедничката вежба се согласија земјите на Вишеградската група (В4) со Литванија, Латвија и Естонија на Самитот на НАТО во Варшава.
Причината за тоа е загриженоста на овие земји од Русија, по анексијата на Крим и улогата на источна Украина.
Договорено е Чешката армија да ја почне вежбата, а потоа свои војници ќе испратат и останатите членки на В4 (Словачка, Полска и Унгарија) и балтичките држави, јави дописникот на МИА од Прага.
Според Штефан Калета, командант на копнените сили на Чешката армија, војниците во Литванија ќе допатуваат преку железнички и патен сообраќај, а вежбата ќе биде ,,нормална тактичка активност и заедничко учество на чешките и литванските војници во исполнување на задачата".
Баталјоните ќе ги водат САД, Велика Британија, Германија и Канада. Другите сојузници ќе помагаат со ,,придружни елементи" за комплетирање на единицата.
Ново на Сител
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија