Свет
18. March 2020 - 11:23

Чешка заплени околу 700.000 заштитни маски

Чешките власти запленија околу 700.000 заштитни маски потребни за борба со коронавирусот од фирма што почнала да бара поголема цена за нив, изјави министерот за внатрешни работ Јан Хамачек.

Во Чешка се пријавени 434 случаи со коронавирус и земјата се соочува со недостаток на маски и респиратори, поради што граѓаните организираа производство од дома.

– Полицијата се бори со профитерите, напиша Хамчек на својот Твитер профил.

Фирмата требаше да достави маски за здравствените работници, но во последен момент одлучи да ја покачи цената, додава Хамчек.

Хамчек и премиерот на Чешка, Андреја Бабиша, се извинија што надлежните не обезбедиле доволно заштитна опрема, особено за здравствените работници кои се во контакт со потенцијално заразени лица со коронавирусот.