Живот
21. March 2019 - 21:21

Чешка манекенка заврши во затвор во Пакистан: Мислела дека добила подароци, а сега поради три фишеци ќе помине 8 години на робија

Чешката манекенка Тереза Хлускова (22) се скрши пред камерите, откако во Пакистан е осудена на осум години затвор поради обид за криумчарење на 8,5 килограми хероин, вреден 1,15 милиони евра.

Низ солзи одговараше на прашања од новинарите во Лахор, каде е донесена пресудата.

Чехињата е уапсена во 2018 година на аеродромот во Лахор. Ја фатиле пред да влезе во авион за Ирска, а требало да преседне во Дубаи.

Хлускова при апсењето, а и подоцна, на истражителите им тврдела дека дошла во Пакистан да работи како манекенка, но и дека некој и ги подметнал наркотиците во куфер. Нејзиниот адвокат Сардар Асгар Догар рече дека ќе се жали на одлуката. Исто така е казнета и со 700 евра казна.

Тереза Хлускова е запрена на аеродромот со дрога со врвен квалитет скриен во фишеци во нејзиниот куфер. Приказнате доби силен медиумски публицитет зошто Тереза Хлускова насмеана се фотографираше со пакистанските истражители кога е уапсена

Уапсени се и двајца мажи врзани за криумчарењето на дрогата, а нивните контакти полицијата ги пронајде во нејзиниот мобилен телефон. Објавено е и видео од пакистанските цариници како копаат по нејзиниот куфер и ја откриваат дрогата додека таа гледа.

„Ми дадоа три фишеци или така нешто. Ми рекоа дека тоа се подароци, не знаев што се крие во нив“, рече тогаш.

Минатата година, Николај Симеонов Иванов доби тригодишна затворска казна откако се закануваше со терористички напади во Пакистан, доколку чешката манекенка не биде пуштена на слобода.

Имено, бугарскиот државјанин, испраќал заканувачки мејлови и поради до еден портал во Пакистан, но подоцна признал дека не знаел дека ќе има последици поради тоа.