Македонија
28. May 2018 - 13:30

Чешка ќе продолжи да финансира проекти во Македонија

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан при што разговарале за унапредување на соработката во повеќе сегменти како и за размена на искуства.

Како што соопшти Министерството за финансии, амбасадорот Томан најави дека Република Чешка ќе продолжи да финансира проекти во Македонија.

- Исто така, на средбата амбасадорот истакна дека економската промоција на нашата земја ќе продолжи и во иднина се со цел привлекување на повеќе чешки директни инвестиции во Македонија, наведуваат од Министерството.