Македонија
21. December 2015 - 15:29

Чешка ќе испрати 25 полицајци и 770 илјади евра за Македонија

Чешка ќе испрати 25 полицајци во Македонија за да помогнат со миграциската криза, а ќе донира и 770 илјади евра парична помош, одлучи денеска чешката Влада.

- Чешка ќе продолжи со помошта за совладување на бегалските бранови во Европа. По Унгарија и Словенија ќе испратиме полицајци и во Македонија, каде ќе помагаат со оддржување на редот, изјави премиерот Бохуслав Соботка.
 
Како што јави дописникот на МИА од Прага, полицајците ќе престојуваат во Македонија од средината на јануари до крајот на февруари следната година.
 
Паричната помош, македонските власти ќе можат да ја искористат за набавка на опрема и бегалски кампови.