Македонија
11. јуни 2019 - 16:16

Чешка и САД наскоро ќе го ратификуваат протоколот за членство на Македонија во НАТО

Членството во НАТО е се поблиску.  Министерката за одбрана е задоволна со темпото на ратификацијата во земјите членки на Алијансата.

Турција ке го ратификува пристапниот  протокол по локалните избори  закажани за десетина дена,  а  утре  ке има сослушување и во комитетот за надворешни работи на американскиот сенат, вели Шекеринска.

Протоколот  овој месец го  го ратификуваа Норвешка и Германија, а наскоро тоа ке го направи и чешкиот парламент.

Во мегувреме македонската армија ги зголеми своите   логистички капацитети, со набавка на 15 нови инжинериски машини. Ова е прва  ваква инвестиција во последните 16 години.