-->
-->
Чешка: Годишнина од Кадифената револуција, демонстранти со повик до Бабиш да поднесе оставка
-->
На 30-годишнината од Кадифената револуција, со која заврши деценијата на комунистичко владеење во Чешка, граѓаните на таа земја го повикаа премиерот Андреј Бабиш да поднесе оставка.
Демонстранти од цела Чешка денеска протестираа по вторпат против Бабиш во паркот Летна, место на митингот во 1989 година каде имаше демонстрации што придонесоа за падот на комунизмот во државата.
Демонстрантите гледаат на популистичкиот милијардер како закана за демократијата и правниот систем во земјата и му даваат рок до 31 декември да се ослободи од деловната и медиумската империја или да си даде оставка. Бабиш ги негира обвинувањата и тврди дека нема причина да поднесе оставка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати
-
Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси
-
Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци
-
Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово