Свет
30. March 2018 - 15:46

Чешка екстрадира руски агент во САД

Чешка го испорача рускиот државјанин Јевгениј Никулин во САД, каде е обвинет за хакирање на социјалните мрежи, вклучително и Линкдин, објавија чешките медиуми.

Портпаролката на чешкото Министерство за правда се уште не ја коментираше одлуката за екстрадиција на Никулин.

И Русија бараше од Чешка да го екстрадира Никулин, откако тој беше уапсен во Прага во 2016 година.

Никулин негира дека ги хакирал социјалните мрежи.