Ракомет
11. January 2017 - 16:02

Червар: Тунис е ривал за респект

Македонската ракометна репрезентација денеска го одработе последниот тренинг пред стартот на Светското првенство во Франција. Селекторот Лино Червар за тоа со кои 16 ракометари ќе настапи утре ќе реши вечерва, а за утрешниот ривал Тунис истакна:

- Тунис е воиграна репрезентација, целата игра им се базира на трите надворешни играчи и со Теж како пикер, а имаат и опасни крила. Сериозен ривал е Тунис и за респект. Тие беа во Рио, а ние не . Не очекува тежок натпревар. Нивната игра е агресивна и ние ќе им возвратиме, добрата игра носи добар резултат. Треба да има емоција но не еуфорија, но со мудрост. Да покажеме дека сме добри.