Ракомет
5. November 2016 - 10:14

Червар со истиот состав против Чешка, Арнаудовски останува на трибините

Селекторот на македонската ракометна репрезентација го одреди составот од 16 играчи за денешниот дуел со Чешка во Плзен. 

Нема ниту една измена, па така Ристо Арнаудовски останува на трибините и на овој дуел.
За Македонија ќе играат: Ристовски, Даскаловски, Георгиевски, Јоноски, Кузмановски, К.Лазаров, Ф.Лазаров, Манасков, В.Маркоски, Н.Маркоски, Митков, Нелоски, Ојлески, Прибак, Стоилов, Талески.
 
Во составот на Чешка го нема Филип Јиха, поради повреда. Инаку, овој натпревар се игра во неговиот роден град.
 
фото: Игор Паневски