Ракомет
3. January 2017 - 13:48

Червар: Резултатот против БиХ е во втор план

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево во СРЦ Кале го игра првиот од трите контролни дуели со Босна и Херцеговина. Ова ќе биде прва можност за селекторот Лино Червар да ги провери силите и досега сработеното на подготовките.

- Изненадувачки во Маврово играчите работеа максимално ангажирано и без проблем го одработевме тој дел од подготовките. Тоа ми дава оптимозам дека и овој втор дел ќе се работи максимално, тактички и психички. Така ќе работиме до 9.јануари каде мора да бидеме на ниво физиички, аналитички и ментално со подготвен систем на игра. Трите натпревари со Босна и Херцеговина ќе ни бидат добредојдени за тактичка подготовка, а резултатот нема да биде во преден план. Воедно ќе ни помогнат да ја подигнеме формата за настапот во Франција, изјави Червар.
 
Денешниот дуел е отворен за јавност и влезот во СРЦ Кале е слободен, додека натпреварите утре и задутре ќе се играат во салата во Автокоманда и ќе бидат затворен со цел репрезентацијата да може да ги воигрува варјантите, кои ќе треба да бидат изненадување за противниците во групата во Мец.
Почетокот на денешниот натпревар е во 17:45 часот.