Ракомет
1. October 2015 - 15:01

Червар: Многу ќе зависи од нашата одбрана

Македонскиот престваник во Лигата на шампионите Металург во сабота ќе го игра третиот натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите. По стартниот пораз од Мотор на гости, минатата сабота Металург во Скопје го победи Кадетен Шафхаузен (28:24), а запиша и две победи во домашната лига (Вардар Јуниор и Работнички).

На денешниот прес тренерот Лино Червар истакна: 

-  Не очекува тежок натпревар на кој многу ќе ни треба поддршка од навивачите. Сакам да ја искористам оваа прилика да ја повикам публиката да дојде во што поголем број. Играчите знаат дека со играта и борбата на теренот треба да им се оддолжат на оние што ќе дојдат да ги бодрат. Се гледа дека нашите млади играчи ја привлекува публиката, рече хрватскиот стратег на денешната прес-конференција и додаде дека сите што ќе бидат во салата ќе треба да се трпеливи.

Според Червар, Металург во играта ќе има и падови и, како што рече,  не може само да се победува. 

- Јас им велам на моите играчи „или бори се или бегај“. Тоа е нашата сила, мора да се бориме, истакна Червар.

Натпреварот Металург – Елверум се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.