Ракомет
7. јуни 2016 - 21:46

Червар „кратеше“ од списокот

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжи подготовките за претстојните бараж дуели со Чешка. Поради повредата на грбот од претходно надвор од тренажен процес е Филип Кузмановски и нема да биде во комбинација за првиот натпревар со Чешка. Денешните лекарски прегледи покажале дека повредата не е сериозна, но потребна е терапија и да мирува до сабота.
Селекторот Лино Червар направи „кратење“ на списокот и отпаднаа Дарко Димитриевски и голманот Мартин Томовски.
Репрезентацијата уште два дена (среда и четврток) ќе тренира во Скопје, а во петок наутро се патува за Чешка, каде репрезентацијата ќе има уште еден тренинг (петок). Првиот натпревар Чешка – Македонија се игра во сабота со почеток во 12:30 часот, а реваншот е во среда (15.јуни) во Скопје.