Ракомет
19. January 2017 - 20:48

Червар: Имавме пехови, играчите се херои

Селекторот на Македонија, Лино Червар не го криеше задоволството по вечерашното реми со Исланд и освоениот бод кој значеше 3.место во групната фаза.
 
- Честитки за нашите момци. Тие се херои. Имавме страшни пехови, се повреди Миркуловски, потоа и Манасков. Сепак и без нив стигнавме до реми и докажавме дека имаме право македонско срце. Нема веќе да се предаваме, колку и да губиме. Нема веќе Македонците да се предаваат. Покажавме карактер сега одиме да се напиеме по едно пиво, па пота ќе размислуваме на Норвешка, истакна Червар.
 
Македонија одигра 27:27 со Исланд и за противник во осминафиналето ја доби Норвешка која го освои 2.место во А групата