Ракомет
5. November 2016 - 17:15

Червар: Домаќинот повеќе ја посакуваше победата од нас

Македонија повторно поразена се враќа од гостувањето во Полска. Во Плзен, Чешка славеше со 35:28, а селекторот Лино Червар истакна:

- Секако дека очекував повеќе, одбраната не беше добра и тоа што е најлошо, а од друга страна најпозитивно, младите не „извлекуваа“. Значи оние кои најмногу требаа да се покажат „потфрлија“. Истотака ако нема добра зона тешко дека ќе можете да се одбраните. Во некои делови одбраната беше добра, но имаше лош почеток, многу широка, не агресивна. Она за што ми е криво мислам дека домаќинот повеќе ја посакуваше победата од нас. Нивната борбеност беше одлична, на одбиени топки тие се „фрлаа“, а нашите само гледаа.
 
Од Плзен, Марјан Ников
 
фото: Игор Паневски