Ракомет
4. November 2016 - 18:16

Червар: Да одиграме подобро отколку на дуелот во Злин

Погледите и очекувањата на спортска јавност утре ќе биде свртени кон Плзен, каде и Македонија гостува на Чешка.Домаќинот сеуште го памети јунскиот бараж кога остана без пласман на Светското првенство во Франција, а селекторот на Македонија Лино Червар го памети првиот дуел од баражот кога Чешка победи со 28:22.

- Мораме да се концентрираме, тренингот е релаксирачки. Да се фокусираме, вечерва ќе имаме и разговори. Знаеме дека утре ќе сакаат да стигнат до победата и со поголема разлика, дека последното коло го играме дома против нив. Ние сакаме да направиме и изнендување. Да одиграме подобро од последниот дуел со нив во Злин. Ги анализиравме и вчера многу повеќе трениравме во Скопје. Ги гледав со Исланд. Јиха и Хорак ги вклучија во одбраната, Хорак игра на позицијата 3, а Јиха како 5. Добија со нив на висина. Нам ни недостасува малку искуство во ротацијата.Имаме предизвик, дали ќе имаме доволно трпение во нападот. Ќе внимаваат на Кире и неговата соработка со пикерот. Не сум убеден дека со напад ќе победиме тука, туку со одбраната. Нападот не смее да „расипува“ топки, ќе влијае и критериумот на судење и нашето враќање во транзиција. Ќе биде важна и позиционата игра и ќе мора да бидеме многу подобри во однос со Украина. Со отсуството на Миркуловски немаме продоор кон напред. Тука сме со 17 играчи ќе решиме вечер или утре наутро, кој ќе отпадне од конкуренција. Тимот мора да го одигра натпреварот, истакна пред тренингот селекторот Лино Червар.
 
 
Фото: Игор Паневски