Спорт плус
21. July 2018 - 18:13

Чепкоеч освои прво злато со нов светски рекорд

Човечките граници и натаму бескрајни. Нов светски прекорд на Беатрис Чепкоеч на 3000 местри со пречки  на митингот во Монако за дијамантската лига. 
Атлетичарката од Кина триумфираше со времд од 8 минути, 59 секунди и 36 стотинки  што е подобро за цели 8 секунди од досегашниот рекорд на Рут Џебет од Бахреин. 
Интересно е што оваа 27 годишна атлетичарка нема титули од светските шампионати и олимпијадите ниту пак освоен медал. 
Добри резултати во Монако постигна и Кастер Семења од Јужна Африка која го сруши рекордот на митингот на 800 метри  додека Шона Милер Уибо пак собори рекорд стар 22 години поставен на истиот овој митинг  на 400 метри. 
Митинзите од дијамантската лига продолжуваат денеска и утре во Лондон.