Челзи мина слабо на трансфер-пазарот
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, во летниот преоден рок на засилувања потроши речиси 200 милиони фунти, но и покрај то не е задоволен како изгледа неговиот тим.
На „Стенфорд Бриџ“, летово пристигнаа голманот Кабаљеро, односно Ридигер, Бакајоко, Запакоста, Дринквотер и Мората.
Како то пренесува „Гардијан“, италијанскиот стратег очекувал дека по продажбата на Немања матиќ, раководството на клубот во Челзи ќе донесе топ засилување од светска класа, но тоа не с еслучи.
Конте во тимот ги сакаше Ван Дајк, Лукаку и Алекс Сандро, но раководството немаше слух за неговите желби.
„Челзи сега има повеќе фудбалери, но не и квалитет каков што посакувам“, смета Конте.
Доколку „сините“ во текот на сезоната не бележат резултати споре очекувањата тогаш на Италијанецот ќе му биде виновно раководството, бидејќи не ги добил посакуваните засилувањата, пишува „Гардијан“ во својот текст.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај