Loading Video...
Фудбал
8. March 2020 - 17:04

Челзи го „торпедира“ Евертон

 
 
Екипата на Челзи забележа победа со 2-0 пред своите симпатизери на „Стенфорд Бриџ“ совладувајќи го Евертон со 4-0 во меч од 29.коло на Премиер лигата. 
 
Шпанскиот интернационалец Педро беше во главна улога при постигнувањето на двата гола откако во 14.минута му асистираше на Мејсон Маунт за првиот гол, а токму Педро седум минути подоцна го постигна  вториот гол за „сините“ по асистенцијата на Баркли. 
 
Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа Вилиан (51) и Жиру (54.минута) за конечни 4-0 за Челзи.
 
Со трите освоени бодови Челзи се зацврсти на четвртото место на табела со вкупно 48, два помалку од Лестер и дури девет од Манчестер Сити кој е на втората позиција, додека Ливерпул кој е убедливо прв има 82 бодови.