Фудбал
20. May 2020 - 20:53

Чеферин: Фудбалот пак ќе се врати на стари патеки!

Пандемијата со корона-вирусот  му зададе тежок удар на фудбалот што ги загрижува бројните поклоници но и сите оние кои живеат од фудбалот.  За разлика од многумина денеска првиот човек на УЕФА Александар Чеферин испрати охрабрувачки вести дека најпопуларниот спорт на планетата брзо ќе се нормализира.

             УЕФА мораше да одложи многу натпреварувања закажани за оваа година за наредната  како што е Европското првенство кое ќе се одржи дури следното лето. Деновиве се прават планови како да се завршат натпреварите во ЛШ и Лига Европа а се ближи и 25-ти мај кога ќе се има појасна слика кои национални првенства ќе се доиграат.

            Сепак и во таква ситуација претседателот на УЕФА е оптимист и смета дека работите брзо ќе дојдат во нормала и фудбалот повторно ќе се игра пред полни трибини иако Ковид -19 е сериозна закана

-Сега многу повеќе знаеме за вирусот и затоа  сум оптимист. Не ми се допаѓа овој апокалиптички став дека треба да почекаме втор и трет бран, па дури и

 петти бран…

Ние сме подготвени и ќе ги следиме препораките на властите, но јас сум апсолутно сигурен дека лично стариот фудбал со навивачите ќе се врати многу наскоро, -порача претседателот на УЕФА.