Чедомир Јовановиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина ја менува климата во целиот регион
Договорот меѓу Македонија и Грција влијае и на атмосферата во која се водат разговорите меѓу Белград и Приштина. Сега се поинакви околностите и се менува климата во целиот регион, изјави за МИА претседателот на Либерално-демократската партија на Србија Чедомир Јовановиќ.
- Со договорот меѓу Скопје и Атина се реши еден голем проблем. Во однос на тоа како тоа влијае врз разговорите меѓу Белград и Приштина, не можам да кажам дека ситуацијата е релаксирана, но многу полесно е да се разговара кога покрај себе ги имаш Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои се пријатели соработници подготвени да помогнат ако таа помош е потребна, оцени Јовановиќ.
Според него, климата во целиот регион е променета, а тоа особено дојде до израз, како што наведе „по влезот на Црна Гора во НАТО, Договорот меѓу Скопје и Атина, вашиот референдум што е од големо значење за земјата, потоа вашето членство во НАТО и договорот што ќе се постигне меѓу Белград-Приштина“.
- Тоа се историски процеси и одлуки кои имаат историска тежина. Во голема мера се стеснува просторот за оној вид политика по која регионот беше нарекуван „буре барут“, рече Јовановиќ за МИА.
Претседателот на српските либералдемократи денеска во Скопје присуствува на форумот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод десетгодишнината од нејзиното формирање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација