Балкан
8. August 2016 - 15:08

Чебли: Зближувањето помеѓу Турција и Русија нема да има влијание врз НАТО

Германските власти не веруваат дека зближувањето помеѓу Турција и Русија би имало влијание врз улогата на Турција како членка на НАТО, изјави денеска Савсан Чебли, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Германија.

- Важно е овие две држави да комуницираат, со оглед на заканите во регионот и нивните улоги во окончувањето на војната во Сирија. Ние не веруваме дека зближувањето помеѓу Турција и Русија ќе има последици врз нашето партнерство во областа на безбедноста на НАТО, изјави Чебли.

Портпаролката додаде и дека германското Министерство не поседува информации за наводното мачење приведени за учество во неуспешниот преврат од 15 јули, во Турција.