Чавушоглу: Турција е против странско мешање во Иран
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ги критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп поради нивната поддршка за протестите во Иран.
На средба со новинарите во Анкара, Чавушоглу изјави дека Турција е против странско мешање во внатрешните работи на Иран.
Турскиот министер информира дека се сретнал со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф со кого разговарал за политичката состојба во Иран, за одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, како и за курдското прашање.
Според турскиот весник „Сабах“, Чавушоглу на средбата изјавил дека актуелната иранска власт е избрана на избори и дека не треба да има надворешни обиди за создавање тензии во Иран.
- Ако дојде до промени во Иран, тоа треба да биде преку избори, изјави Чавушоглу.
Според Чавушоглу, Зариф за состојбата во Иран рекол дека не е толку драматична како што се претставува во медиумите и е слична на протестите во Турција околу истанбулскиот парк Гези, каде еколошки протести прераснаа во антивладини протести.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април