Свет
16. March 2017 - 10:44

Чавушоглу: Европа оди кон пропаст

Турскиот министер на надворешни работи Мевљут Чавушоглу во коментар на изборите во Холандија, изјави дека Европа оди кон пропаст и религиозни војни.

Како што јави агенцијата Анадолија, Чавушоглу забележа дека повеќето партии, што учествуваа на вчерашните парламентарни избори во земјата, освоиле меѓу 17 и 20 проценти од гласовите на избирачите, 

- Нема разлика меѓу социјалдемократите и фашистот (Герт) Вилдерс. Тие се една иста матрица, рече тој.

Според Чавушоглу, европските партии континентот го водат кон крах-

- Наскоро во Европа ќе избувнат религиозни војни, изјави шефот на турската дипломатија.