Македонија
29. November 2015 - 16:46

Чавков, Тодоров и Јолевски на терен во посета на полицијата и армијата

Членовите на комитетот за справување со  кризи ноќта ја минаа на јужната граница  меѓу војската и полицијата. Ги  посетија војниците кои вчера ја поставуваа жичената ограда со цел да се спречи нелегален влез во земјава . Министрите за здравство, одбрана и заменикот за внатрешни работи директно на терен меѓу припадниците на армијата ја согледаа состојбата со која се справува државата. Се информираа за начинот на кој е поставена заштитната ограда, со каков квалитет и се заблагодарија за максималното ангажирање на војниците

Веднаш по инцидентот со мигрантите кои не доаѓаат од конфликтни земји, Тодоров, Јолевски и Чавков  го посетија местото каде беа повредени полицајците. Го посетија и лекарскиот пункт каде беа сместени дел од 24 повредени припадници на безбедносните сили. Министрите одблизу се информираа за здравствената состојба на полицајците кои не се штедеа да ја одбранат границата од насилничката група која со камења фрлаше по нив. 

До доцна во ноќта  Тодоров, Јолевски и Чавков останаа на јужната граница каде  заеднички со чуварите на државата го следеа протокот на мигранти. Им порачаа на  припадниците на АРМ дека  Македонија е  горда на нив. Министрите им се заблагодарија  за  успешното  реализирање на  командата дадена од Генерал Штабот. За  комплетното поставување на  оградата во должина од 3200 метри со додатоците од лево и десно од  каменот 59 со кој не ја заштитиле само Македонија туку поставиле коридор за заштита и помош на  земјите од Европа.   

Тимот од министри беше да увиди какви се состојбите и во шаторот каде се сместени лицата со приоритет. Согледаа дека во шаторите има греење каде повремено престојуваат мајки, деца и лица со инвалидитет. Тодоров им се заблагодари на задолжените лица за хуманоста и помошта која им ја пружаат на бегалците.

Комитетот беше информиран дека лево и десно од каменот е на готовс е и монтажна  челична ограда за потребите на МВР. Со таквиот материјал војниците ги информираа дека границата ќе може херметички да биде затворена. Министерот Тодоров им соопшти на војниците дека успешно ја вршат својата должност и се заблагодари што мислеле однапред за вакви  мерки во случај на нов безбедносен ризик .