Чавков со делегација од МВР во Гостивар им одаде почит на загинатите херои
Денес во Гостивар им се оддаде почит на загинатите гостиварски херои кои минатата година загинаа од терористичките напади во Диво Насеље. Високи преставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од заменик министерот Митко Чавков присуствуваа на панихидата.
На годишнината од терористичкиот напад во Диво Насеље,граѓаните од Гостивар им одадоа чест и почит чест на младите полициски службеници кои до последен здив ја бранеа родната земја.Панихидата најпрво се одржа во селото Зубовце, на вечното почивалиште на Херојот Ненад Серафимоски, а потоа на градските гробишта во Гостивар каде почива Херојот Горан Илиески.На панихидите присуствуваше висока делегација на Министерството за внатрешни работи предводени од заменик министерот, Митко Чавков.
Во дводневните битки против терористичко-криминалната група во кумановската Дива населба, животите ги загубија полицајците: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз